Вардар ги запиша првите два бода во Лигата на шампиони, откако на гостувањето кај Нант славеше со 33-27 во натпревар од петтото коло. Избраниците на Иван Чупиќ одиграа одличен меч, а главната сила на теренот беше Милош Валах.
Вардаровиот чувар на мрежата имаше 17 одбрани, а ЕХФ го прогласи за херој на вечерта и сподели дел од неговите интервенции.










