Вардар ги чисти долговите – ќе биде на „НУЛА“ за 15 месеци

369

ФК Вардар, полека но сигурно ги расчитува долговите кои претходните раководства ги оставија во „аманет“. Бројката која на почетокот се споменуваше се движеше од два и пол до десет милиони евра.

Според информациите кои доаѓаат од таборот на актуелниот македонски првак, денеска се исплатена нова рата, поточно 21-та. Вардар ќе биде ослободен од овој голем товар за 15 месеци, тоа се ратите кои треба да ги исплати кон УЈП.

Како што велат – направената штета врз најтрофејниот клуб набрзо ќе биде целосно санирана. Недомаќинското работење во изминатите години го фрли македонскиот тим во длабока криза, со години се мачеше да го најде вистинскиот пат и да почне нормално да функционира.

Оваа вест доаѓа во пресрет на мега дербито помеѓу Вардар и Шкендија.

ПретходноЕХФ го прогласи Милош Валах за ХЕРОЈ (ВИДЕО)
СледноИ покрај победата, Мурињо мораше да го каже она што го мачи: Ме боли што морам да го правам тоа…