И тренерот на Вардар со поддршка за студентите во Србија!(ФОТО)

134

Денеска на полноќ стапува на сила предизборниот молк во пресрет на неделните избори во Србија. Во изминатите денови многу познати спортски фаци ја дадоа поддршката за „Студентската листа“ и за студентите а еден од нив е и актуелниот тренер на Вардар, Миодраг Гроф Божовиќ. Иако е Црногоец, сепак неговиот збор и тоа како се слуша во Србија, а да потсетиме дека е и некогашен тренер на Ц.Звезда со која освојуваше титули.

Гроф во изминатите две години во неколку пати нескриено ги поддржуваше студентите и со тоа не го криеше својот анимозитет кон Александар Вучиќ.

Па така вчера, Гроф на социјалните мрежи сподели фото каде што е заедно со Славољуб Муслин, кој исто така е за студентите, со познатиот хит “Три пољупца хочу ја“, која стана химна на “Студентската листа“ во оваа предизборна кампања.No description available.

Паметен човек, очигледно Гроф знае што се човечки вредности.

ПретходноТренерот на Нант призна: Ова е најлошата вечер што ја имам доживеано во последните пет години!
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ја поддржува уметноста: ‘ДАМАТА СО КАМЕЛИИ’ на сцената на Националната опера и балет