Панатинаикос ја потврди својата моќ во Лигата на конференции, откако го совлада Каират со убедливи 5:1 како гостин во Алмати.
„Зелените“ веднаш ја презедоа иницијативата – Викенте Таборда во шестата минута го отвори резултатот, а Сириел Десерс со хет-трик (24, 47 и 60) го скрши отпорот на домаќините.
Панатинаикос веќе на пауза водеше со 3:0, а во продолжението само ја заокружи високата победа. Нашиот репрезентативец Растодер стартуваше од клупата, но откако влезе во игра успеа да погоди за 0:5 во 75. минута.
Ова беше втора последователна европска победа за ПАО по оние 2:1 против Борац Бања Лука, со што грчкиот гигант испрати силна порака во борбата за пласман.










