Голем проблем за Арсенал: Сака може да паузира и до два месеци!

40

Арсенал се соочува со сериозен проблем откако Букајо Сака се повреди на дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, кој заврши 2:2. Англискиот репрезентативец го напушти теренот уште во 10. минута поради повреда на бутниот мускул.

„Не изгледа добро. Кога играч мора да го напушти теренот поради остра болка, тоа никогаш не е добра вест“, изјави менаџерот Микел Артета.

Дополнителните прегледи треба да ја утврдат сериозноста на повредата и времето потребно за закрепнување. Според медиумските процени, постои можност Сака да отсуствува од шест до осум недели, но засега нема официјална потврда за точниот период на паузата.

ПретходноБеќири со прва победа на клупата на Габала
СледноАлчевски успешно опериран, следува период на рехабилитација