Алчевски успешно опериран, следува период на рехабилитација

140

Голманот на Тиквеш, Марко Алчевски, успешно ја помина операцијата на предниот вкрстен лигамент, соопшти кавадаречкиот клуб.

Оперативниот зафат беше извршен во болницата „Аџибадем Систина“, од страна на д-р Михајло Ивановски. По успешната интервенција, на Алчевски му претстои период на закрепнување и рехабилитација.

Од Тиквеш му посакаа брзо и успешно закрепнување, изразувајќи надеж дека голманот повторно ќе застане меѓу стативите, посилен од кога било.

ПретходноГолем проблем за Арсенал: Сака може да паузира и до два месеци!
СледноСветската шампионка во маратон падна на допинг тест