„Црвено – црно“ дерби, мега-дерби денеска од 14 часот на стадионот во Гостивар во рамките на 11.коло во ПМФЛ. Шкендија против Вардар, дуел на двата најголеми и најтрофејни клубови во Македонија.
Ова во некоја рака е и вистинско “класико“ во фудбалска Македонија.
Шкендија во пресрет на овој дуел Шкендија е лидер со 23 бода а Вардар е трет со 20 бода. Кој и да победи нема ништо да реши во поглед на титулата, за тоа и втората Струга ТЛ се прашува, но ако тетовци слават тогаш ќе имаат +6 бода во однос на Вардар.
Во пресрет на денешниот меч свој коментар има голманот на тетовци Бабукар Гаје:
“Мора да се фокусираме. Подготвени сме за задачата, секој играч во целиот тим е подготвен. Мислам дека секој играч ќе даде 100%. Треба да ги искористиме шансите што ги создаваме, бидејќи ако постигнете голови, фудбалот станува многу полесен. Јас сум тука за да оставам својата мрежа чиста“ посочи интернационалецот од Гамбија.
Гаје нагласи дека мора да се контролираат емоциите…
„Во вакви натпревари, емоциите исто така влегуваат во игра. Мораме да се контролираме, што е многу важно, но поддршката од нашите фанови може да ви даде голем поттик. Навивачите секогаш се одлични во вакви натпревари. На крајот, сè зависи од тоа што ќе покажеме на теренот и ако се претставиме онака како што сме планирале, тие ќе нè поддржат и заедно можеме да уживаме во победата.“ заврши голманот на Шкендија.















