ГРК Охрид доминантно на првата пресметка со Спорт Тото

94
фото: ГРК Охрид - GRK Ohrid (FB)

Ракометарите на ГРК Охрид со убедлива победа од 36:24 против турскиот Спор Тото СК ја започнаа одбраната на титулата во ЕХФ Европскиот куп, потврдувајќи ги високите амбиции во натпреварувањето и оваа сезона.

Охриѓани одиграа одличен натпревар, во кој нападот функционираше ефикасно, а одбраната и голманот Дино Славиќ беа важни фактори за убедливиот триумф. Славиќ забележа 15 одбрани, значително придонесувајќи за високата предност на домашниот состав.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Доминик Мате со 10 погодоци од 14 обиди. Дарко Ѓукиќ постигна шест гола, додека Тилен Штрмљан и Никола Зечевиќ завршија со по четири погодоци. Анте Иванковиќ додаде три гола.

Кај гостите, најдобар стрелец беше Илкан Келешоглу со осум погодоци, но неговиот учинок не беше доволен за да се избегне убедливиот пораз. Охрид и утре во вториот меч ќе биде домаќин.

ПретходноСветската шампионка во маратон падна на допинг тест
СледноЛука Станковски со гол-првенец за победа на Колос (ВИДЕО)