Маркез победи во спринтот, Мартин заврши во болница! (ВИДЕО)

29

Марк Маркез победи на спринтерската трка пред Големата награда на Австралија и го презеде водството во генералниот пласман.

Маркез водеше спектакуларна битка со сонародникот и најблизок конкурент во генералниот пласман, Хорхе Мартин, сè додека возачот на Априлија не падна и не ја заврши трката.

Токму победата во спринтот му овозможи на актуелниот шампион да го преземе првото место пред утрешната трка, со десет бода предност пред „Мартинатор“ и 50 пред Марко Бецеки.

Бурно беше на „Филип Ајленд“.

Маркез и Мартин уште од стартот водеа жестока битка, во која дури девет пати се менуваа во водство во првите осум круга!

Сепак, во осмиот круг се случи драматичен момент, кога Мартин падна во многу брзиот десен свиок број осум, по што заврши во зоната со чакал покрај патеката.

Мартин беше изнесен на носилки од страна на службените лица, а моментално се наоѓа во медицинскиот центар, каде што му се вршат лекарски прегледи.

Маркез успеа да ја задржи предноста и да ја забележи својата деветта победа во спринт-трките оваа сезона, со 0,323 секунди предност пред Алекс Маркез од тимот Гресини Дукати. Фабио ди Џанантонио од тимот ВР46 го освои третото место, со што возачите на мотоцикли Дукати ги зазедоа првите три позиции.

За Марк Маркез ова беше 24-та победа во спринтерските трки во кариерата.

ПретходноГаје пред мега – дербито со Вардар: На вакви мечеви и емоциите се големи, очекувам победа на Шкендија
СледноПо трите порази во Европа, МЗТ Скопје во обид за прва радост на меѓународна сцена!