Убиен претседателот на Бугарската таеквондо федерација!

99
Фото: Спортал.бг

Претседателот на Бугарската федерација за олимписко таеквондо, Слави Бинев, бил убиен во софиската населба „Павлово“, објавија „24 часа“ и bTV.

Бинев бил застрелан од непознат сторител во автомобил. Полицијата започнала истрага на местото на злосторството.

Бинев беше член на Советот на Светската таеквондо федерација.

Роден е на 10 декември 1965 година во Софија. Пред да влезе во бизнисот и политиката, активно се занимавал со таеквондо. Во 1992 година освоил европска титула во овој спорт, а подоцна зазел раководни позиции во спортски организации.

Во последните години беше претседател на Бугарската федерација за таеквондо и прв потпретседател на Европската таеквондо унија.

Неговата политичка кариера започнала со партијата „Атака“. Во 2007 година беше избран за европратеник, а истата година се кандидираше за градоначалник на Софија. Подоцна го основа политичкото здружение ГОРД, а во 2014 година стана пратеник во бугарското Народно собрание и претседател на парламентарната комисија за култура и медиуми.

ПретходноПо трите порази во Европа, МЗТ Скопје во обид за прва радост на меѓународна сцена!
СледноВМФЛ: Дерби покрај езерото – лидерот Охрид против второпласираниот Работнички