„Гроф“ е тактички мајстор, Вардар одигра одлично дерби, а Спахиу мора да е стартер!!!

331

Денеска македонскиот фудбал беше сведок на уште една голема прволигашка дерби пресметка помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Како по обичај овие два тима се на самиот врв на табелата и имаат отворени аспирации за она најважното, шампионската титула.

Иако има уште многу до крајот шампионатот, иако е само единаесетто коло од новиот шампионат, сепак, некои работи можеме да ги заклучиме и по овој денешен дуел.

Конечните 0:0, на Градскиот стадион во Гостивар се производ на дуел во кој што Шкендија мора и треба да сфати дека без класичен напаѓач тешко се добиваат дерби средби, (чирај Марко Ѓорѓиевски). Му фалеше на домаќинот на многупати на овој дуел тој завршен удар, тој „шпиц“ момент кој што го има популарниот Марче. Тоа тренерот Положани ќе мора да го поправи. И да научи по нешто од далеку поискусниот Миодраг Гроф Божовиќ.

Кој што денеска дефинитивно ја доби тактичката војна. Вардар денеска беше тактички подобар. Се виде искуството на српскиот стратег, кој што точно знаеше кога да заигра подефанзивно, да издржи во првите дваесетина минути, да нападне во вториот дел кога Шкендија очигледно и ја фати малку паника што ете, нема да победи.

Вардар реално создаде шанси кои што можеа да донесат водство во вториот дел, а во нив главна карика Едис Спахиу.

Отворено прашање до Божовиќ: Можеш ли да го погледнеш Спахиу во очи?

Искусниот напаѓач сезонава игра одлично. Кога? Кога ќе добие шанса. А истата ја добива на „лажичка“. Други ја имаат привилегијата да бидат стартери, а Спахиу да ги спасува кога ќе влезе. Ја имаше и денеска таа улога, со асистенцијата за Данев кога ВАР „поништи“ 0:1, а и две три минути подоцна, кога Спахиу, „распали“ и самиот и го „матираше“ Гаје но ВАР повторно кобен. Победата му „избега“ на Вардар, но ремито ќе му остане на Божовиќ. Се додека Спахиу е на клупа, а  други имаат „бетонирано“ место во тимот, тактичката мудрост на искусниот стратег нема да биде валоризирана како што треба.

 

ПретходноВМФЛ: Охрид победи во дербито и остана лидер, Пелистер славеше во Новаци
СледноТФТ до втора победа сезонава