Од страна на Фудбалската Федерација на Македонија, многу бргу по завршувањето на дербито од 11. коло од ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Шкендија и Вардар осиграно во Гостивар, излезе со соопштение/образложение, кое се осврнува на судкиските одлуки на мечот, односно ВАР одлуките во трите клучни ситуации.
Во првото полувреме при поништениот гол на Ндзенгуе, напаѓачот на Шкендија, кој што погоди но ВАР го поништи поради офсајд, како и при ситуациите на Данев односно Спахиу во финишот на мечот.
Според ФФМ образложението поткрепено со видео записи, сите три ситуации се чисти, ВАР правилно постапил, и трите гола се постигнати од недозволени офсајд ситуации.















