Топ – вест во светските спортски медиуми е победата на Александар Волкановски и одбраната на титулата во својата категорија во УФЦ откако го нокаутира рускиот борец Мовсар Евлоев. Синоќа во Абу Даби, Македонецот од Австралија покажа кој е кој и со тоа испиша историја. Покажа кој е Александар “Велики“ откако успеа по деветти пат да ја одбрани титулата светски првак во својата категорија во УФЦ.
Ова досега никој го нема направено.
И како по обичај, Волкановски уште еднаш покажа дека и тоа како има пиетет кон своите македонски корени, кон своето македонско потекло. Тој својата победа ја прослави и со знамето од Кутлеш.
Така тоа го прават шампионите, а Волкановски е еден од најголемите во историјата на овој спорт кој од ден на ден, па и поради него, има се поголем број приврзаници во светот.










