Полувреме во Гостивар: Коцев и Глигоров за пресврт од 1:0 до 1:2 за Брегалница

59
ФОТО:facebook.com/fkbregalnicaofficial

Арсими – Брегалница 1:2 по првото полувреме на натпреварот од 11.коло во ПМФЛ кој се игра во Гостивар. Домашните подобри го отворија мечот, со шанса на Алити а потоа и со гол на Каба Јакупи за 1:0 во таа 22.минута.

Од тој момент Брегалница се созеде, почна да игра и потоа дојде до преврт. Прво Коцев во 31.минута израмни на 1:1, за да во 40.минута по асистенцијата на стрелецот на првиот гол, Глигоров стрелаше за 1:2, за водство на штипските „сини“.

Резултат со кој се замина на одмор.

Јасно е дека во продолжението очекуваме нови возбудувања ако се знае дека трите бода се екстра важни како за едните така и за другите.

ПретходноОткако беше уапсен: Претседателот на федерацијата си поднесе оставка!
СледноПресврт: Куртоа се чувствува подобро, најавил дека вечерва ќе брани на „Ел Класико“