Речиси 20.000 навивачи го следеа сараевското „вечно дерби“ меѓу Сараево и Железничар на стадионот „Кошево“. Според официјалните податоци, на трибините имало 19.800 гледачи, што уште еднаш покажа колку голем интерес може да предизвика еден фудбалски натпревар во регионот.
Сликата во македонскиот фудбал е сосема поинаква. Големото дерби меѓу Шкендија и Вардар, кое се одигра во Гостивар и заврши без голови, 0-0, го следеа околу 1.500 гледачи.
Разликата е впечатлива: сараевското дерби привлече речиси 15 пати повеќе публика од дуелот меѓу Шкендија и Вардар. Тоа отвора прашања за интересот за македонскиот клупски фудбал, за квалитетот на истиот, за инфраструктурата, за пристапноста на стадионите, за организацијата и за начинот на кој се гради атмосферата околу најголемите натпревари.
Особено е важно што Шкендија и Вардар се меѓу клубовите кои имаат и најголема армија навивачи во Македонија. Но, кога едно дерби се игра пред 1.500 гледачи, разликата во она што е фудбалот на само неколку чекори од нас е „небо и земја“.















