Македонската каратистка Камелија Недев освои сребрен медал и стана светска вицешампионка во дисциплината кати поединечно, во кадетска конкуренција, на Светскиот шампионат во традиционално карате што се одржува во Копер, Словенија.
Недев имаше одличен настап во силна меѓународна конкуренција и се пласираше во финалето, каде што се соочи со претставничка на Романија. Двете финалистки добија ист број поени, но поради една повисока поединечна оценка на романската натпреварувачка, Камелија го освои второто место.
На шампионатот учествуваат околу 1.200 натпреварувачи од 58 држави, што дополнително ја нагласува вредноста на освоениот сребрен медал.










