Филип Талески си замина од ГРК Охрид

540

Филип Талески повеќе не е дел од ГРК Охрид. Македонскиот репрезентативец и клубот од „езерото“ ја прекинаа соработката, со што заврши неговата епизода во сино-белиот дрес.

Иако засега нема потврда од ГРК Охрид, сепак неговото отсуство од двата натпреври во ЕХФ Европскиот Куп е потврда дека нешто се случува со македонскиот репрезентативец, а тоа не е повреда.

За Талески ова не е првпат да ја заврши сезоната во друг клуб. Минатата година, во сличен период, тој се раздели со Вардар 1961, по што кариерата ја продолжи во унгарска Татабања, каде што ја доигра сезоната.

ПретходноАлекса Амановиќ е човек титула, по Астана сега е првак и со Ордабаси
СледноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Играч од Тетово освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 7.174.004 ДЕНАРИ