Дисциплинската комисија при МКФ ги изрече казните за последното коло во нашата кошаркарска Суперлига. А таму Работнички и МКК Куманово заедно треба да платат 144.800 денари.
И двата клуба добија казни врз повеќе основи и тоа пресметка на трибините на нивниот меѓусебен меч, како и поради техничките грешки.
Работнички е санкциониран со 82.400 денари а МКК Куманово со 66.400 денари.
Клубот од Градски парк треба да плати 30.000 денари за плукање на службени лица, потоа исто со 30.000 за фрлање тврди предмети на теренот. Кумановци со по 30.000 денари е казнет поради истите прекршоци.
И двата клуба дополнително се казнети поради техничките грешки, додека Фатјон Реџа од Работнички треба да плати 16.000 денари за неспортско однесување.










