Вујовиќ: Парите не ми беа важни за да дојдам во Вардар, сакам да ги вратам Карачиќ, Циндриќ…(ВИДЕО)

6989

Веселин Вујовиќ одлично го почна новото поглавје на клупата на Вардар 1961. Засега нема пораз во Лигата на шампиони, а добро гази и во домашниот шампионат.

Стратегот на актуелниот првак е миленик на навивачите ја има целосната поддршка, а дека Скопје и Вардар му се во срцето, потврди уште еднаш, во мини-интервју за Бекстејџ потенцира дека парите не играле главна улога во преговорите.

„За да се вратиш дома не треба многу. Јас имам одлични односи со Михајловски, повеќе од работни, би рекол роднински. Финансиите немаа главна улога да се вратам дома. Тука се чувствувам одлично, луѓето се добри, одлично ме прифаќаат, се надевам дека оваа позитивна атмосфера ќе продолжи и во тешките денови“.

Негова желба е да ги врати сите ракометари од шампионските денови на чело со Игор Карачиќ, но засега сето тоа е невозможна мисија.

„Уф, не само Игор Карачиќ, јас би ги вратил сите оние играчи кои во времето на Парондо и Раул ги освоија титулите во Лигата на шампиони. Ги сакам Циндриќ, Кристопанс, Душебаев, но тоа засега не е возможно, ниту реално. Ако го вратиме Карачиќ ќе биде неверојатно“.

Број еден победи за Вујовичќ се против Металург во едни други времиња.

Целото интервју можете да го видите на следниот ЛИНК.

 

ПретходноМбапе за „Екип“: Не ми е проблем јас да трчам во одбрана, а Меси да оди по теренот
СледноДаде 23 гола на 22 натпревари за Малме и го повикаа да го менува Халанд