Австралиецот Алан Џонс, првиот возач кој ја освои титулата во Формула 1 за тимот на Вилијамс, почина на 80-годишна возраст, соопшти неговото семејство, а пренесе АП.
Џонс, кој шампионската титула во Формула 1 ја освои во 1980 година, починал по кратко боледување.
„Со голема тага ја известуваме јавноста дека почина нашиот сакан Алан. Многу ќе им недостига на своите најблиски, кои со љубов ќе се сеќаваат на него, но и на бројните навивачи, чија поддршка секогаш му значеше многу“, се наведува во соопштението на неговата сопруга Аманда.
Џонс е роден во 1946 година во Мелбурн и беше вториот, а засега и последен Австралиец кој ја освоил титулата во Формула 1.
Во текот на кариерата во Формула 1 забележа 12 победи и 24 пласмани на победничкиот подиум.
Беше член на Австралиската куќа на славните во мотоспортот, како и на Спортската куќа на славните на Австралија.










