Вчера и завчера се одиграа сите 18 средби од 4.коло во Лигата на Шампионите. И како и секогаш, така и сега, спектакл, голови колку ти душа сака, пресврти, “газење“ на гигантите.
По ова коло убаво е да се види табелата, а таа вели дека само ПСЖ и Реал Мадрид се максимални, само актуелниот и најтрофејниот имаат по “четири од четири“ и со по 12 бода се на делба на лидерската позиција.Арсенал е трет со 10 бода. По нив со 9 бода доаѓа тимот на Комо, најголемата сензација оваа сезона во ЛШ, клуб на кого ова му е дебитантска сезона во најсилното клупско натпреварување во Европа.
Уште повеќе ако се знае дека синоќа на гости тимот на Цеск Фабрега успеа да го понижи домашниот Ленс со 1:9.
На првите осум места се и Барселона, Астон Вила, Манчестер Сити и Ливерпул.
Во продолжение можете да ја видите комплетната табела по 4.коло во Лигата на Шампионите:










