Ретро капитенско фото: Ристовски и Роналдо на “Драгао“!(ФОТО)

1
ФОТО: Instagram

По повод објавата на Кристијано Роналдо дека е крај на неговата репрезентативна кариера, секако топ – вест во светот на фудбалот, се огласи и Стефан Ристовски. Некогашниот капитен на нашата репрезентација, еден од најдобрите фудбалери кои сме ги имале во последните 15 години, на своите социјални мрежи се потсети на историскиот меч на “Драгао“ во Порто на 29 март 2022 година, на баражот за СП 2022 во Катар.

Тогаш Стефан, како капитен на Македонија, во пресрет на дуелот, со Роналдо, како капитен на Португалија, си разменија знаменца на двете федерации.

Тој меч во Порто на “Драгао“ домашните го добија со 2:0 и се пласираа на Мундијалот во Катар.

Колку за потсетување, Стефан дел од својата кариера ја мина во Спортинг Лисабон заедно со Бруно Фернандеш со кого и сега со големи пријатели, а токму тој клуб го “врзува“ со Роналдо ако се знае дека токму Спортинг беше првиот клуб на славниот Кристијано.

No description available.

ПретходноСтанковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи