Магионичар: Лука погоди тројка од сопствениот рекет (ВИДЕО)

450

Лука Дончиќ повторно беше во центарот на вниманието во НБА-лигата, не само поради фантастичните 53 поени во победата над Портланд (124:118), туку и поради потегот со кој ја воодушеви публиката во салата.

Словенечкиот кошаркар пред крајот на првото полувреме погоди неверојатна тројка од сопствената половина, односно од околу три четвртини од теренот. Неговиот шут предизвика воодушевување на трибините, а камерите ја забележаа и реакцијата на познатиот американски музичар Брус Спрингстин, кој со насмевка и неверување ја следеше мајсторијата на Дончиќ.

ПретходноЕксплозија на Лука Дончиќ – постигна 53 поени
СледноСупер – дерби: Струга ТЛ сака “седум од седум“ дома, Шкендија сака да остане на врвот!