Мителштад за победа на Штутгарт против Вердер

14
ФОТО:.facebook.com/VfB

Штутгарт се врати на победничкиот колосек по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите, славејќи дома против Вердер Бремен со 1-0 во натпреварот од 9-тото коло од Бундеслигата вечерва, нанесувајќи му го првиот лигашки пораз на екипата од Бремен по повеќе од два месеци.
Не беше потребно многу за домаќините да поведат, бидејќи Максимилијан Мителштад го “стресе“ Вердер во седмата минута, постигнувајќи во свој стил со удар од левата страна. Во 28-та минута, Ел Канус можеше да ја казни неконцентрацијата на гостите и малку изгубената топка, но Хајн беше совршено поставен, спасувајќи го лукавиот удар на Мароканецот.

Штутгарт, со втората победа од почетокот на сезоната пред домашните навивачи, стигна до осмото место, спречувајќи ги своите ривали да се пробијат до местото што води во Лигата на шампионите.

ПретходноКатена со гол во 90.минута ја спаси Осасуна од пораз
СледноИнтересно: Струга ТЛ својот видео извештај од дербито го проследи со “bella ciao“!(ВИДЕО)