Јуве само до бод во Фиренца

18
ФОТО:.facebook.com/Juventus/

Фиорентина – Јувентус 2:2 во интересен меч во рамките на 11.коло во Серија А. Секако дека овој бод не му врши многу работа на гигантот од Торино, посебно ако се знае дека клубот од Фиренца е во долниот дел од табелата и оваа сезона игра под своето реноме.

Уште во 4.минута шок за гостите, Пелегрино стрела за еуфорија на „Артемио Франки“, познато е дека фановите на Фиорентина и тоа како не го “мирисаат“ Јуве.

Сепак Волтемаде израмнува во 32.минута.

Во 54.минута ново водство на домашните со голот Нјае за 2:1. Тоа водство не траеше долго, се играше 66.минута кога Бремер одново израмни.

Па така и двете екипи мораа да се задоволат на крајот со по бод.

ПретходноПодмладениот женски сениорски национален тим ги одработи првите тренинзи во Скопје
СледноБарса го доби дербито: Фермин “царуваше“ на “Метрополитано“!