По подолго време Македонија повторно со лига во хокеј на мраз! (ФОТО)

38
ФОТО:Hockey Worldwide/FB

Убава вест за фановите на еден од најатрактивните спортови. Имено според Инстаграм и ФБ профилите на hockey.worldwide, во јануари 2027 година ќе стартува македонската Екстралига во хокеј на мраз.

Секако убава вест ако се знае дека мина долго време откако кај нас немаше ваква лига во хокеј на мраз, цели 12 години.May be an image of ski slope and text

За почеток ќе се натпреваруваат четири екипи и тоа:

Skopje Herd (Скопје Херд), Vardar River Badgers (Вардар Ривер Беџерс), Delchevo (Хокеарски клуб Делчево) Hockey Club и Thessaloniki HC (Хокеарски клуб Солун).

За последен пат Македонско првенство во овој спорт се одржуваше во периодот од 2013 до 2015 кога ХК Металург ги освои двете титули.

ПретходноИсторијата на Вардар и Скопје нераздвојни: Дресот на Дибиров доби свое место во музејот!
СледноСлика и прилика на работењето на Манчестер Јунајтед: Тренерите ги чинат поскапо од најскапото засилување