Вардар ги пушти во продажба билетите за градското дерби со Алкалоид

31

Откако Вардар конечно ја дефинира салата во која ќе го пречека Алкалоид во натпревар од Супер-лигата, актуелниот македонски првак денеска информираше дека во продажба се пуштени и билетите за оваа пресметка. Цената е 300 денари, а во продолжение ви ги споделуваме сите детали.

„Почна продажбата на билети за градското дерби меѓу Вардар и Алкалоид, кое ќе се одигра в сабота, 14 ноември, со почеток во 18,30 часот, во Т-Арена / СЦ „Борис Трајковски“.

Билетите се продаваат преку VTICKETS по единствена цена од 300 денари.

Линк за купување билет – https://vtickets.mk/event/rk-vardar-1961-rk-alkaloid/240

Местата во салата нема да бидат нумерирани, а навивачите ќе можат да го изберат блокот во кој сакаат да го следат натпреварот.

Навивачката група „Комити“ ќе биде сместена во блок 1, додека за навивачите на гостинската екипа е определен блок 15.

За сопствениците на сезонски билети на Вардар ќе бидат резервирани централните блокови 3 и 13. Доколку сакаат, сопствениците на сезонски билети ќе можат да го следат натпреварот и од кој било друг блок во салата.

Навивачите кои ќе купат поединечен билет за овој натпревар ќе можат слободно да изберат во кој блок ќе седат, со исклучок на блоковите 3 и 13, кои се наменети за сопствениците на сезонски билети.

За влез во салата ќе се користи главниот влез на салата кој се наоѓа од страната на големиот паркинг“. 

ПретходноСлика и прилика на работењето на Манчестер Јунајтед: Тренерите ги чинат поскапо од најскапото засилување
СледноКејн на чекор до историски рекорд, но има уште една голема желба!