Македонската женска кошаркаркса репрезентација запиша пораз откако на гостувањето кај Романија беше совладана со 73-52 на првиот претквалификациски натпревар за настап на Европското првенство 2029 година.
Нашиот национален тим настапи со подмладен состав, па поразот беше неизбежен. Она што е важно дека после слабиот старт и само четирите поени во првата четвртина успеа да се издигне и да одигра на повисоко ниво.
После првата четвртина резултатот беше 21-4, што пак беше најава за расплетот на оваа средба. Она што беше за издовјување е третата четвртина која Македонија успеа да ја добие со 21-10 и да покаже дека може да биде конкурентна.
Димова со 11 поени беше прв стрелец, зад неа беше Адамовска со 10 поени.
Македонија на 14 ноември (сабота) го игра првиот домашен натпревар. Во спортскиот центар „Џексон“ во Штип, со почеток од 18 часот, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Естонија.










