Барселона подготвува околу 20 милиони фунти за да го купи Ориги во јануари

358

Во немоќ да донесат некоја голема фудбалска ѕвезда во тимот, Барселона ќе мора да најде алтернативни имиња како нови засилувања во зимскиот преоден рок и да се обиде да ја спаси сезоната која почна ужасно.

Според медиумите блиски до екипата на Ливерпул, Каталонците деновиве се обидуваат да стапат во контакт со менаџерот на блегискиот голгетер Дивок Ориги за да разговараат околу неговата подготвеност во јануари да си замине од „Енфилд“. Според информациите, Барселона ќе има околу 20 милиони фунти на располагање за купување на нов напаѓач, а во моментов за Куман и Лапорта веројатно Ориги е добар избор.

Со оглед на односите кои овие два клуба ги имаат во однос на трансферите во изминатиот период, не би било воопшто чудно Ливерпул да му дозволи на Ориги да се пресели на „Камп Ноу“.

ПретходноКајри Ирвинг не може да тренира со Бруклин затоа што не е вакциниран!
СледноУЕФА го престави логото за Евро 2024 во Германија