Првиот голман на германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер не се појави на првиот тренинг на репрезентацијата кој се одржа денеска, пред натпреварите против Романија и Македонија.
Според германските медиуми, селекторот Ханси Флик морал да го остави Нојер надвор од тимот откако тој се пожалил на болка во коленото.
Германската фудбалска федерација објави дека капитенот и натаму се опоравува од незгодната повреда, па затоа и не сакале да ризикуваат со негово вклучување на тренингот, па сега ќе се чекаат дополнителните лекарски извештаи.
Нојер (35) веќе имаше пауза во септемвриските квалификациски дуели поради проблеми со глуждот.