ФИФА сериозно ја разгледува можноста за промена на правилата за офсајд во фудбалот. Иницијативата која низ медиумите се влече со години, веројатно ќе биде и конкретно тестирана.
Многу тимови не се задоволни од фактот што напаѓачката страна е казнета со прекин на игра дури и во ситуации кога нема реална закана за противникот. Според најавениот план на дел од комисиите на ФИФА, Италија понудила да ги испроба промените во правилата за време на натпреварите меѓу младите до 18 години.
Наводно, новите правила може да создадат т.н. „прозорец“ меѓу телото на напаѓачот и дефанзивецот, наместо тековниот екстремно тенок јаз што е нагласен со прегледите на ВАР.