Седлоски: Не заслуживме пораз, овие момци можат многу повеќе

284

Македомската фудбалска репрезентација со пораз се враќа од гостувањето кај Шкотска. Вечерва на Хемпден парк во Глазгов, го одигравме претпоследниот дуел од Лигата на Нациите, Б дивизија, и загубивме со 2:1. Пораз кој што ја продолжи серијата наши неуспеси, сеуште немаме бод освоено во оваа кампања, но конечно пак постигнавме гол по 844 минути.

Шкотска не не надигра денеска, и победи со гол од пенал. Постигнат од ВАР ситуација која што беше прегледувана по две минути откако се случи. На тоа става акцент и селекторот Седлоски во изјавата по мечот.

„Честитки за победата за Шкотска. Честитки до моите играчи кои она што се договоривме го изработеа на теренот. Дадоа се од себе, но мислам дека овој натпревар го реши ВАР и победата на Шкотска. Не можам ништо да му замерам на тимот, уште еднаш, она кое се договоривме, да работат на терен, тркачки, тактички, стоевме добро. Посебно во второто полувреме. Игравме фудбал. Кога играш со селекција како Шкотска, пред 40.000 публика, мислам дека се претставивме добро. Поразот не го заслуживме, но честитки за Шкотска за трите бода. Полека она што го барам од играчите и во Швајцарија и тука во Шкотска го видов. Таму во првото полувреме игравме добро, тука исто така се покажавме во добро светло. Жалосно е за резултатите кои ги имаме и за нас. Со голот кој го дадовме ни падна еден товар, цело време се говореше за тоа и морам да кажам дека знам дека можат многу повеќе, само да се стаднардни во клубовите. Со ваква игра, може да се носиме со ривалите. Одигравме храбро, штета за ВАР по пет минути, не сум ја погледнал ситуацијата, но ќе ја гледам.“ – рече нашиот селектор по натпреварот во Шкотска.

Следен наш дуел е оној против Словенија на 16. ноември во Скопје.

 

ПретходноБез голови во Марибор, Германија убедлива во Белград, Холанѓаните ја понижија Грција
СледноСтоле: Ситуацијата за пеналот можеше да ја свири на било која страна!