Македонија вечерва во Глазгов во 5-тиот меч во Б Лигата на Нации забележа уште еден пораз, оојпат со 2:1. Повторно Столе Димитриевски беше нашиот херој, сепак иако спаси неколку чисти голови на крајот и тој не успеа да ја спаси Македонија од нов пораз.
По мечот тој со свој коментар и за ситуацијата за пеналпт во 74.минута.
“Ние излеговме компактни горе да ја земеме таа втора топка и да одиме во простор. После тоа имавме неколку одлични ситуации кога излеговме 4-5 пати во првото полувреме, тоа беше и идејата што ја работевме на тренинзите. Во второто полувреме дојде тој гол кој доста го баравме. Ситуацијата за пеналот може да ја свири на било која страна, едноставно ја собрав топката и ногата ми беше долу, каде што тој мене ме удира. Јас не можам да изчезнам од таа ситуација, но тоа е за жал речиси секогаш ваквите ситуции се во корист на другата страна. Тоа е, мора да работиме, да се спремиме, имаме уште еден натпревар. Да покажеме пред нашата публика дека може да победиме“ истакна нашиот голман.










