УЕФА го престави логото за Евро 2024 во Германија

187

УЕФА синоќа го претстави логото за Европското првенство во фудбал во 2024 година.

Логото на Еуро 2024 комбинира шест бои вообичаени за сите 55 знамиња на европските земји, како и асоцијација на Олимпискиот стадион во Берлин, каде што ќе се одржи финалниот натпревар.

„Логото ја промовира идејата за Евро што е отворено за сите и ја поттикнува различноста. Фудбалот е област каде што секој треба да се чувствува како дома, а лансирањето на брендот беше првиот чекор кон создавање на овој дом на Евро 2024 во Германија“, се вели во соопштението на УЕФА.

Европското фудбалско првенство во 2024 година ќе се одржи во Германија, а натпреварите ќе се играат во Берлин, Келн, Дортмунд, Дизелдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Хамбург, Лајпциг, Минхен и Штутгарт.

ПретходноБарселона подготвува околу 20 милиони фунти за да го купи Ориги во јануари
СледноОдбојкарските првенства почнуваат на 16 октомври, познати двојките за 1. коло