Премиер лигата го одби барањето на Ливерпул за презакажување на мечот со Ватфорд

156

Англиската Премиер лига го одби барањето на Ливерпул за промена на терминот на мечот со Ватфорд кој треба да се одигра следната сабота во 13.30 часот. Ливерпул бараше промена на терминот поради тоа што голем број на фудбалери ќе бидат во Јужна Америка и според протоколите тешко дека ќе успеат навреме да се вратат во Британија.

Алисон Бекер, Роберто Фирмино и Фабињо ќе бидат дел од репрезентацијата на Бразил која на 15 октомври има меч со Уругвај и тешко дека ќе успеат да се вратат за мечот кој се игра веќе следниот ден.

Обидот на „црвените“ да ја презакажат средбата е одбиен, па Клоп ќе мора да бара решение за отсуството на оваа тројка.

ПретходноПолуфинале во ЛН: Шпанија сака одмазда за поразот во полуфиналето на Евро 2021
СледноФИФА во Италија ќе ги тестира новите правила за офсајд