Проблем: Корона во Баскет Кам!

156

Екипата на Баскет Кам ќе го прескокне второто коло во женската јадранска лига, но и стартот на домашниот шампионат.

Поради позитивни случаи на коронавирус во таборот на актуелниот македонски шампион е одложен мечот со Орлови, кој требаше Баскет Кам да го одигра на домашен терен.

Она што е извесно е дека нема да го одигра ниту првиот меч од домашната лига кој е закажан за 10 овој месец, исто Баскет Кам требаше да игра на домашен терен против Пробаскет. Засега нема детали колку лица се заразени.

 

ПретходноЃорѓиевски: Сконцентрирано и одговорно до прва квалификациска победа
СледноДали Глејзер полека се „ослободуваат“ од Манчестер Ј.? Продаваат уште 8% од акциите!