Алекс Душебаев, шпанскиот репрезентативец кој својата кариера ја градеше во Македонија поточно во дресот на Вардар, после дуелот поразот на неговиот Гумерсбах од Пелистер, зборуваше за тешкиот амбиент во салата, но и за проблемите со кои се соочува неговиот тим во згуснатиот распоред.
„Првото полувреме го одигравме многу добро, но потоа грешевме и стана многу тешко да се игра во ваква атмосфера. Имавме предност од еден гол во последните минути, но во клучните моменти беше многу тешко да се игра. Одлично им функционираше играта седум на шест.
Имаме многу повредени играчи, немавме време за тренинг и опоравување. Игравме натпревар во неделата навечер, во понеделникот патувавме, а денеска повторно игравме. Но, тоа е тоа. Сега повторно нè чека истото, играме викендов, па одново ќе играме во Европа. Таков е ритамот“, изјави Душебаев.
Пелистер на оваа средба славеше со 29-28 за прва победа во Европската лига оваа сезона.










