Уште едно германско “НЕ“ за Мундијал на две години!

75

На денешната прес – конференција, спортскиот директор на Фудбалскиот сојуз на Германија, Оливер Бироф, беше категоричен околу тоа дали да се прифати предлогот на ФИФА за да има Мундијал на секои две години.

Легендарниот некогашен напаѓач на Милан и репрезентацијата на Германија, беше апсолутно против. Со ова Бироф ги потврди ставовите на Рајнер Кох, првиот човек на германскиот сојуз кој пред неколку денови исто така јавно кажа дека е против.

Секогаш треба да го имаме в предвид притисокот кој се создава кај играчите. Да се игра СП на секои две години? Уште не сум нашол на некој би ми кажал дека тоа е добра идеја. Сите сакаме да гледаме супер атрактивни натпревари, но тоа не можно ако уште повеќе се згусне распоредот“ потенцираше Бироф.

ПретходноИ тоа го има на Автокоманда: Потег кога навивач удира со топка гостински играч! (ВИДЕО)
СледноАлборг го победи Ал-Вехда и си закажа полуфинален меч со Магдебург!