Вемби застана на 50 поени, Бриџис со звукот на сирената за победа на Никс

0
фото: San Antonio Spurs (X)

Сан Антонио Спарс славеше убедлива победа од 114:91 против Њу Орлеанс Пеликанс, а вечерта ја одбележа Виктор Вембањама со фантастичен учинок од 50 поени, 19 скока, пет блокади и четири украдени топки. Францускиот центар беше незапирлив, особено во првото полувреме во кое постигна 32 поени.

Вембањама до јубилејните 50 поени стигна со тројка на шест минути и 29 секунди пред крајот, по што беше повлечен од игра. Со тоа стана првиот кошаркар оваа сезона кој уште во првото полувреме остварил најмалку 30 поени, 10 скока, три блокади и три украдени топки.

За Сан Антонио ова беше 14-та победа во последните 15 натпревари, со вкупен биланс од 14 победи и три порази. Пеликанси, пак, го претрпеа третиот пораз по ред

Њујорк Никс славеше драматична победа од 97:96 против Портланд Трејлблејзерс, благодарение на Мајкл Бриџис, кој погоди тројка со звукот на сирената и спречи целосен пресврт на гостите.

Брансон беше најефикасен кај Њујорк со 30 поени, додека Лендрי Шамет додаде 20. Кај Портланд, Донован Клингaн постигна 22 поени и имаше 13 скока, Авдија заврши со 20, а Демијан Лилард со 15 поени. За Никси ова беше четврта победа по ред.

Њујорк – Портланд 97:96
Далас – ЛА Kлиперс 110:100
Минесота – Мемфис 104:95
Сан Антонио – Њу Орлеанс 114:91
Бостон – Сакраменто 96:97

ПретходноМбапе се посрамоти, но затоа Еспи е херојот на Реал!