Луис Суарез постигна погодок во победата на Атлетико Мадрид над Барселона од 2-0. Искусниот напаѓач откако ја затресе мрежата на каталонскиот гигант имитираше телефонски повик со што го прозва Роналд Куман.

Токму Куман по пристигнувањето во Барселона го продаде Суарез во Атлетико.
„Телефонскиот разговор траеше 40 секунди. Не може на таков начин да избркате една легенда на клубот“, почна Суарез па продолжи:
„Рече дека не сум во неговите планови, но немаше конкретна причина за тоа. Немаше храброст да ми каже дали одлуката е негова или на клубот. Сакав да останам во Барса, дури бев подготвен да прифатам помала плата“.
За дуелот во саботата призна дека не е лесно да се гледа Барселона во слабо издание.