Македонија ќе биде комплетна во среда!

0

Македонската кошаркарска репрезентација стартуваше со мини-подготовките за претквалификацискиот натпревар против Кипар за ЕП 2029 година. Селекторот, Хозе Мариа Бартомел нема да го има на располагање комплениот состав, но затоа пак и овој пат ќе може да смета на тандемот Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт.

Нено во Скопје ќе биде утре, додека пак американецот со македонски пасош на тимот ќе му се приклучи во среда.

Во составот како што најавивме нема да биде Андреј Јакимовски, кој подолго време е повреден, а од последната средба против Австрија ќе ги нема Лејсон Зеќири и Валмир Какруки, кој е повреден.

Назад во дресот на Македонија се врати Андреј Магдевски, како и Дамјан Робев, кој доби дополнителен повик после информацијата за повредата на Андреј Андоноски.

Натпреварот Македонија – Кипар се игра во четврток (26 ноември), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

ПретходноТабела по 14.коло: Лидерот Струга ТЛ сега има +8 бодови пред Вардар и +4 пред втората Шкендија