Кадетките стартуваа со мисијата Еуро 2027

4

Женската кадетска репрезентација на Македонија до 17 години го одржа собирот и ги започна подготовките за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2027 година.

Македонските надежи ги очекуваат три натпревари во три дена, на кои ќе се обидат да остварат што подобри резултати и да се доближат до посакуваната цел.

Избраничките на стручниот штаб квалификацискиот циклус го отвораат на 27 ноември против Косово, со почеток во 18:30 часот. Ден подоцна, во истиот термин, ќе ги одмерат силите со Грција, додека последниот дуел од оваа серија е закажан за 29 ноември против Литванија.

Распоред на натпреварите:

  • 27.11.2026 (18:30 часот): Македонија – Косово
  • 28.11.2026 (18:30 часот): Македонија – Грција
  • 29.11.2026 (18:30 часот): Македонија – Литванија

На младите македонски репрезентативки им посакуваме успешни подготовки и добри настапи во квалификацискиот циклус

ПретходноМакедонија ќе биде комплетна во среда!