Белгија – Франција за место во финалето на ЛН

169

Шпанија влезе во финалето на Лигата на нациите откако во првото полуфинале на „Сан Сиро“ ја совлада Италија со 2:1. „Фуријата“ се најде во позиција да го брка првиот трофеј во ова натпреварување, а противникот ќе им биде подобриот од другата полуфинална пресметка помеѓу Белгија и Франција која се игра вечерва во Торино (20:45 ч.).

Последниот меѓусебен дуел беше во полуфиналето на Светското првенство 2018 кога Франција со голот на Умтити во второто полувреме победи со 1:0 и го урна сонот на Белгијците за историско мундијалско финале.

Три години пред тоа во пријателски меч Белгија ја победи Франција со 4:3.

„ЕУРО 2020 е далеку зад нас. Пред нас е трофеј во ЛН, полуфинале против една од најдобрите светски репрезентации – Белгија. Дадовме се од себе да поминеме тешка група, па сега го сакаме трофејот“, изјави францускиот селектор Дидие Дешамп.

Последниот меѓусебен дуел беше во полуфиналето на Светското првенство 2018 кога Франција со голот на Умтити во второто полувреме победи со 1:0 и го урна сонот на Белгијците за историско мундијалско финале.

Три години пред тоа во пријателски меч Белгија ја победи Франција со 4:3.

„ЕУРО 2020 е далеку зад нас. Пред нас е трофеј во ЛН, полуфинале против една од најдобрите светски репрезентации – Белгија. Дадовме се од себе да поминеме тешка група, па сега го сакаме трофејот“, изјави Дешамп.

МОЖНИ СОСТАВИ:

БЕЛГИЈА (2-4-3): Куртоа – Алдервеирелд, Денаер, Вертонген – Кастањ, Витцел, Тилеманс, Т.Азар – Де Брујн, Лукаку, Е.Азар

ФРАНЦИЈА (3-4-1-2): Јорис – Кунде, Варан, Л.Хернандез – Павар, Погба, Рабио, Т.Хернандез – Гризман – Мбапе, Бензема

За овој меч Французите ќе ги немаат Толисо, Коман, Канте, Фекир поради повреди, а во составот Дешамп после речиси 50 години ќе има браќа во репрезентацијата Лукас и Тео Хернандез. Во нападот се најде место и за Муса Диаби, фудбалерот на Леверкузен, во средниот ред за младиот играч ан Монако Орелиен Тчуамени, а дебитант е Матео Гендузи од Арсенал.

За Белгија нема да играат Ориги, Доку, Денис Прет, Бентеке, во составот на Роберто Мартинез се младите офанзивци Доди Лукебакио од Волфзбург и Шарлс Де Кетелере од Клуб Бриж. Составот на Белгија е многу, многу поискусен од оној на Франција. Дури петмина имаат 100 и повеќе настапи: Лукаку, Еден Азар, Аксел Витцел, Вертонген, Алдервејрелд.

ПретходноЊукасл денеска ќе добие арапски сопственици!
СледноПромени во составот на Савевски за мечот со Црна Гора