Ужасни сцени синоќа го шокираа аудотироумот на дуелот од Лигата на Европа помеѓу екипите на Олимпик Марсеј и Левски кој што се одигра во Франција, и за кој секако во соатавот беше нашиот репрезентативец Никола Серафимов.
Пет навивачи на гостите, завршија во болница по сериозните инциденти на трибините помеѓу двете групи. Пред стартот на мечот на делот каде што на трибините на „Велодром“ се наоѓаа навивачите на Левски дојде до сериозен инцидент.
Левски поднесе жалба до УЕФА, а Марсеј кој го доби натпреварот со 1:0 најверојатно ќе се соочи со сериозни санкции. Можно е дури и да бидат исфрлени од Лигата на Европа.
Дури и потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, побара сторителите да сносат одговорност. Таа изјави дека Бугарија е подготвена да им ја пружи сета неопходна помош на повредените.










