Пораз од Литванија, Македонија против Грција ќе се борат за место на ЕП

1
Фото: РФМ

Женската кадетска репрезентација на Македонија не успеа да ја запише втората победа на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во 2027 година. Македонските ракометарки загубија од Литванија со 28-34 (15-18) во натпреварот од второто коло, кој се одигра во салата „Расадник“.

По успешниот старт и победата над Косово, нашите ракометарки не успеаја да приредат ново изненадување. Литванките ја потврдија фаворитската улога, ја контролираа играта и стигнаа до вториот триумф во групата Б.

На вториот натпревар од денешната програма, Грција славеше над Косово со 27-23.

По две одиграни кола, Литванија е на врвот на табелата со максимални четири бода. Македонија и Грција имаат по два, додека Косово е без бодови.

За македонските кадетки останува уште еден натпревар, кој ќе биде одлучувачки за продолжување на надежите за пласман на континенталниот собир. Утре од 18:30 часот во салата „Расадник“ нашите ракометарки ќе се соочат со Грција.

ПретходноСаботна ракометна треска во Битола (ФОТОГАЛЕРИЈА)