Алкалоид го завери пласманот во осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп

1

Алкалоид успеа да обезбеди место во осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп и тоа благодарение на добрата игра на првиот натпревар. Избраниците на Кирил Лазаров беа поразени на реваншот од Горење со 29-23 (13-11).

На почетокот на натпреварот се чинеше дека Алкалоид ќе ја има контролата на резултатот, но она што го најави Лазаров во Скопје се покажа на дело во Велење. Противникот покажа дека е незгоден противник, на одморот имаше позитива од два гола 13-11, и тука не застана.

Во второто полувреме Алкалоид беше целосно надигран, во еден момент Горење Велење водеше со шест гола разлика 26-20, 27-21 и 28-22). Сепак македонскиот тим не дозволи овој меч да ескалира и го приведе без да има драматична завршница.

Цехте со шест гола беше прв стрелец, Дамјан и Марко Митев, и Никола Костески имаа по три погодоци.

 

ПретходноДрама во Лондон: Арсенал повторно се спаси од пораз (ВИДЕО)