Мартин Штокласа: Ќе биде многу тешко да се победи Македонија!

190

Селекторот на Лихтенштајн, Мартин Штокласа, во пресрет на утрешниот меч со Македонија во квалификациите за СП во Катар 2022 имаше свој коментар околу очекувањата од овој меч. Натпревар кој започнува во 20:45 часот.

Мислам дека ќе биде тешко да ја победиме Македонија, бидејќи таа селекција покажа дека може да биде многу конкурентна и против многу посилни репрезентации. Треба да се бориме силно од првата минута, исто како што беше и против Романија во Букурешт“ посочи Штокласа и продолжи со тоа дека Македонија на овој меч е фаворит и дека одлични фудбалери.

Нашите фудбалери се во добра форма, имаме неколку млади кои можеби ќе добијат шанса. Ја анализиравме играта на птерходните три натпревари. Македонија има одлични фудбалери, Алиоски, Елмас…фаворити се, но наше е да одиграме и да се надеваме на добар резултат“ заврши селекторот на Лихтенштајн.

ПретходноГолем бод на У-17 против Полска!
СледноМартин Ѓоргиевски: „Изгинавме“ на терен, заслуживме бод, а против Ирска одиме и на победа