Навивачите на Њукасл во екстаза откако станаа клуб со најбогат сопственик во светот (ВИДЕО)

129

Инвестициската групација предводена од Саудискиот фонд за јавни инвестиции (ПИФ) станува сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл. Премиер лигата ја одобри продажбата откако, како што се вели во соопштението, „доби правно обврзувачки гаранции дека Кралството Саудиска Арабија нема да го контролира Њукасл Јунајтед“.

На чело на ПИФ е Мохамед бин Салман, саудиски принц и првиот човек зад кралот во Саудиска Арабија. Откако Премиер лигата ја објави оваа вест, илјадници навивачи дојдоа пред стадионот за да прослават што нивниот клуб стана клуб со најбогатиот сопственик во светот. Њукасл беше последенпат шампион на Англија во 1927 година и последенпат го освои ФА Купот во 1955 година. Навивачите се надеваат дека сега ќе тргнат по патот на Челзи и Манчестер Сити кои со богатите сопственици станаа моќни клубови на европската фудбалска карта.

ПретходноКФМС објави дополнување на пропозициите: Шампион ќе има само ако се одиграат 70% од натпреварите!
СледноРакометарките поразени од Црна Гора