Никој како Мбапе: 50 меча за Франција со неполни 23 години!

154

Репрезентацијата на Франција вечерва против Белгија се бори за место во финалето на Лигата на нации, а младиот голгетер на ПСЖ, Килијан Мбапе испиша нова страница од репрезентацијата на „Галските петли“.

Мбапе со настапот на вечерашниот меч во Торино стана најмладиот играч кој одиграл 50 натпревари за репрезентацијата со неполни 23 години. Мбапе денеска има точно 22 години и 291 ден.

Тој го собори рекордот поставен од неговиот соиграч во репрезентацијата, Карим Бензема, кој 50-тиот меч за Франција го одигра на 24 години и 240 дена.

ПретходноНовиот газда на Њукасл тргнува во поход: Кои се потенцијалните засилувања за „страчките“ веќе во јануари?
СледноСе продава првиот потпис на Меси, сумата расте од ден во ден (ФОТО)