Репрезентацијата на Бразил синоќа на гостувањето кај Венецуела славеше со 3-21 во меч од 11. коло од квалификациите за за СП 2022.
Дома Меѓународен фудбал Бразил после пресврт ја совлада Венецуеала, само бод за Аргентина против Парагвај
Репрезентацијата на Бразил синоќа на гостувањето кај Венецуела славеше со 3-21 во меч од 11. коло од квалификациите за за СП 2022.
„Кариоките“ имаа проблем во првото полувреме, но на крајот домашната селекција не успеа да приреди изненадување, фаворитот ја оправда својата улога.
Венецуела одлично го отвори мечот, веќе во 11 минута стигна до водство од 1-0, стрелец на голот беше Рамирез. Се чинеше дека домашните фудбалери можат да го шокираат противникот, но Бразил во второто полувреме направија целосен пресврт. Маркињос во 71. минута израмни на 1-1, по што Барбоса стрелаше за 1-2. Конечните 1-3 ги постави Ентони во петата минута од судиското продолжение.
Аргентина пак одигра слабо против Парагвај, на овој меч не падна ниту еден гол, а со ист резултат заврши и дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.
Еквадор успеа со 3-0 да ја победи Боливија, додека пак Перу пред домашните навивачи го совлада Чиле со 2-0.
По 11. коло, Бразил остана перфектен со девет победи во исто толку одиграни мечеви, зад него е Аргентина со 19 бода на табелата, по што следуваат Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Перу, Чиле, Боливија и Венецуела.